Приватност

ИЗЈАВА ЗА ПРИВАТНОСТ ПРИ ДИГИТАЛНО МЕРЕЊЕ

Нилзен ги користи сопствените производи за дигитално мерење да мери и анализира како корисниците се однесуваат со медиумите во онлајн, мобилни и останати нови технологии.

КАКО ПРИБИРАМЕ ПОДАТОЦИ ЗА МЕРЕЊЕ НА ПАЗАР?

Соработуваме со различни компании, вклучувајќи и провајдери на податоци, огласувачи, рекламни агенции, и издавачи, за да ја мериме ефективноста и опсегот на содржини прегледувани или слушани онлајн и офлајн, без разлика на уредот кој го користеле корисниците. На пример, им помагаме на огласувачите подобро да ги разберат ефектите од кампања кај корисниците на телевизија, радио и мобилни уреди.

Еве како функционира: компаниите кои учествуваат вклучуваат Нилзен софтвер за мерење во нивната содржина (на пр. аудио, видео, огласи, и било кои други медиуми кои може да ги користат потрошувачите) на нивните избрани сајтови, огласи, апликации и видео плеери. Нилзен софтверот за мерење вграден во содржината користи различни технологии (вклучувајќи и колачиња, пиксел тагови, и наш софтвер кој се содржи во мобилни апликации) или водени печати за да прибира информации кои ни помагаат да разбереме што гледаат или слушаат и со што имаат интеракција корисниците на содржината, кои рекламни кампањи се ефективни, и агрегираната демографска композиција на посетителите на веб сајтот или апликацијата или гледачите на дигитална содржина.  На пример, еден извештај за мерење на тест примероци од корисници може да каже „оваа рекламна кампања беше прегледувана од страна на 24 000 женски лица на возраст од 24-30 години во САД, северозападен Пацифички регион.“

Исто така работиме со сервис провајдери од трета страна за да добиеме псевдоними и/или агрегирани податоци, кои ги додаваме на нашите мерења. „Псевдоним податоци“ значат лични податоци од кои фактичките лица не може веднаш да се идентификуваат. Типовите на псевдоним податоци вклучуваат информации поврзани со, на пример, колаче, рекламен или идентификатор на уред, или друг траен уникатен (единствен) идентификатор. „Агрегирани податоци“ значи множество податоци во врска со група или сегмент од лица кое спречува поединечни лица од групата да бидат идентификувани.

Понекогаш нашиот софтвер за мобилни мерења е вграден во Primetime на Adobe, „TV Everywhere“ платформа која им овозможува на корисниците да гледаат во живо, линеарна и програма на барање на различни уреди. Дознајте повеќе за Adobe Primetime a и прочитајте ја Изјавата за приватност за производите за аналитика на Adobe.

Производите за мерење на пазар на Нилзен и Nielsen Marketing Cloud користат различни решенија. Нилзен не дели ограничен број на податоци од уреди или прелистувачи или неидентификувачки агрегирани податоци помеѓу овие два типа посебни Нилзен производствени линии за да се овозможи секоја од нив да функционира подобро и поефикасно, но сепак податоците за мерење на пазар не се користат директно за поставување онлајн реклами. За повеќе информации во врска со тоа како Nielsen Marketing Cloud прибира и користи податоци, Ве молиме прочитајте ја Изјавата за приватност на Nielsen Marketing Cloud.

КАКВИ ПОДАТОЦИ ПРИБИРАМЕ?

Не ги идентификуваме и не се обидуваме да ги идентификуваме лицата од кои и за кои прибираме податоци за мерење.

Нашиот софтвер за дигитално мерење може да прибира податоци во врска со содржината која била прегледувана (на пр. која рекламна кампања или која епизода од програма), каде била прегледувана содржината (на пр. на кој веб сајт или во која апликација), и општи информации во врска со уредот на кој била прегледувана содржината (на пр. таблет или паметен телефон, рекламен идентификатор, ИП адреса или оперативен систем). Потоа ги споредуваме тие податоци со податоци од други компании кои ги препознаваат нивните корисници или кои прибираат податоци за корисниците општо. Овие други компании му овозможуваат на Нилзен статистика од агрегирани или псевдоним податоци. Не споделуваме на оваа трета страна која содржина ја гледале нивните корисници, и Нилзен никогаш не ги дознава идентитетите на корисниците од другите компании.

Нашите Nielsen Digital Brand Effect сервиси им прикажуваат кратки анкети на корисниците кои потенцијално биле или не биле изложени на содржината од нашите клиенти. Одговорите се доброволни. Ако некој гледач одговори на прашање од анкета, одговорот се чува во база на податоци. Анкетите не бараат и прибираат било какви идентифицирачки податоци, но ќе ја зачуваат ИП адресата и идентификаторот за уред.

КАКО ГИ КОРИСТИМЕ ОВИЕ ПОДАТОЦИ?

Ги користиме овие податоци за да креираме разни увиди, извештаи и анализи, вклучувајќи го и составот на гледачите кои прегледувале одредена содржина, или ефективноста на релкамна кампања.

Може исто така да ги подобруваме или калибрираме податоците прибрани од други онлајн и офлајн извори на податоци и истражувачки алатки, вклучувајќи ги податоците со прегледи на Нилзен модераторите (исклучени се идентифицирачки детали). Други извори на податоци може да бидат социјални медиуми или сајтови со е-комерција. Овие дополнителни извори ни дозволуваат да правиме поробустно истражување и анализи за демографијата, преференциите и користењето од страна на Интернет публиката.

Вклучуваме само неидентифицирачки или агрегирани податоци во нашите увиди, извештаи и анализи.

СО КОГО ГИ СПОДЕЛУВАМЕ ОВИЕ ПОДАТОЦИ

Вработуваме и ангажираме други компании или лица за да изведуваат одредени функции во наше име. На овие сервис провајдери им е одобрен пристап до податоците потребни за да ги извршуваат нивните функции, но забрането им е да ги користат нашите податоци за други цели.Дополнително, може да ги овозможиме податоците на трета страна кога откривањето на податоците е законски неопходно или е потребно за да зачуваат нашите законски права, или при преземање акции во однос на потенцијално нелегални активности, како и во случај на продажба, банкрот или друго отстранување на целиот или дел од нашиот бизнис или средства (во кој случај ќе преземеме разумни чекори за да се осигуриме дека податоците се заштитени како што е опишано во оваа Изјава за приватност). Може исто така да користиме псевдо-податоци за да ги олесниме финансиските, безбедносните, осигурителните или други потребни деловни активности.

КАКО ГАРАНТИРАМЕ БЕЗБЕДНОСТ ЗА ОВИЕ ПОДАТОЦИ?

Користиме разумни организациони, технички и административни мерки за да ги заштитиме личните податоци под наша контрола. За жал ниеден пренос на податоци преку Интернет или систем за чување податоци не може да гарантира 100% сигурност.

КОЛКУ ДОЛГО ГИ ЧУВАМЕ ОВИЕ ПОДАТОЦИ?

Ги чуваме податоците толку долго колку што е потребно за нашите истражувачки и аналитички цели како што е опишано во оваа Изјава за приватност и согласно со применливиот закон. Податоците може да ги чуваме во САД, или може да ги пренесеме во друга земја. Секаде каде што ги чуваме податоците ќе важат правилата од оваа Изјава за приватност и секој применлив закон.

КАКОВ ИЗБОР ИМАТЕ?

Сметаме дека треба да имате избор во врска со тоа дали ќе придонесувате кон нашето истражување и увиди. Ако не сте тековно Нилзен модератор и не сакате да учествувате во истражувањето со дигитални мерења на Нилзен, може да се откажете од тоа со кликнување овде.

Кај прелистувачите користиме обични HTTP колачиња и HTML5 локално складирање. Во HTML5 локалното складиште чуваме само копија од единствениот идентификатор на колачето кое е зачувано на Вашиот уред. Ако се откажете, нашиот механизам за откажување го заменува уникатното HTTP колаче со  “OPT_OUT” колаче и ги брише информациите кои Нилзен ги зачувал во HTML5 локалното складиште. Ако ги избришете сите Ваши обични колачиња (кои го вклучуваат и Вашето Нилзен HTTP “OPT_OUT” колаче), ќе мора повторно да се откажете. Ве молиме забележете дека поради тоа што ова е откажување на ниво на прелистувач, а користите повеќе од еден прелистувач, откажувањето ќе треба да го направите на секој прелистувач. Ако се предомислите и сакате да учествувате во истражувањето со дигитални мерења на Нилзен, можете повторно да се вклучите. Забележете дека прелистувачот Safari веќе не ја поддржува оваа функционалност и автоматски ќе ги избрише нашите колачиња за отказ по 24 часа. Ако сакате да останете исклучени од мерењето на Нилзен, предлагаме да користите друг прелистувач. Во околина на мобилна апликација, потребно е секоја апликација која содржи активен софтвер за мерење на Нилзен да сподели дека Нилзен мерење е вклучено во таа апликација, и да овозможи пристап за Нилзен откажување. Забележете дека некои од постарите апликации кои го содржат Нилзен софтверот може да овозможат отказ само на ниво на апликација и уред. Така што ако имате повеќе од една стара мобилна апликација која го содржи нашиот софтвер, ќе биде потребно да се откажете во секоја апликација на секој уред. Кај поновите апликации Нилзен нуди отказ на ниво на уред. Потребно е само да ја активирате опцијата “Limit Ad Tracking” ( за iOS уреди) или “Opt out of Ads Personalization” (за Android уреди) во поставките на Вашиот уред. Ако ја имате истата понова апликација на повеќе од еден мобилен уред, ќе треба да ги смените поставките на секој уред. Известувањето за приватност на апликацијата треба да појасни кој тип на отказ е достапен кај софтверот за мерење на Нилзен.

ИЗМЕНИ ВО ОВАА ИЗЈАВА ЗА ПРИВАТНОСТ

Го задржуваме правото да ја ажурираме и правиме измени во оваа Изјава за приватност. Ќе овозможиме опис на измени по последното ажурирање во делот „Последни измени во оваа Изјава за приватност“.

КОНТАКТ

Ако имате било какви коментари или прашања во врска со оваа Изјава за приватност или сакате да го контактирате нашиот референт за Заштита на податоци во ЕУ, Ве молиме контактирајте нè. Може исто така да ни испратите писмо на следните адреси:

Од земји на ЕУ:

Attn: Legal Dept.
Nielsen
Nielsen House
Oxford Business South
John Smith Drive
Oxford OX4 2WB
UK

Од останати земји:

Nielsen
85 Broad Street
New York, NY 10004
USA

Прашањата во врска со приватноста може исто така да се испратат по е-пошта на:
privacy.department@nielsen.com

ЗА НИЛЗЕН

Нилзен Холдингс плц (Nielsen Holdings plc (NYSE: NLSN)) е глобална компанија за мерење и аналитика на податоци која го овозможува најцелосниот и најдоверливиот преглед на потрошувачи и пазари во светски рамки. Нашиот пристап ги поврзува Нилзен податоците со други извори на податоци за да им помогне на клиентите низ целиот свет да разберат што се случува сега, што ќе се случи следно, и како најдобро да се постапи врз основа на ова знаење. Повеќе од 90 години Нилзен овозможува податоци и аналитика врз основа на научна прецизност и иновација, постојано развивајќи нови начини за да ги одговори најважните прашања со кои се соочуваат медиумите, маркетингот, продажбата и индустриите за потрошувачки стоки кои брзо се развиваат. Како S&P 500 компанија, Нилзен функционира во над 100 држави, со тоа покривајќи повеќе од 90% од населението во светот. За повеќе информации, посетете го www.nielsen.com

ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРИВАТНОСТ